Претседателот Стево Пендаровски вечерва информира дека нема да се сретне со рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин.
-Имавме само две реченици разговор при положувањето на венци на гробот на Борис Трајковски. Тогаш се ракувавме и тој само ми рече дека се надева дека ќе се видиме во наредниот период. Нема да се видиме затоа што има една фраза која е соддржана во четвртиот пакет санкции на ЕУ и САД. Таму постои формулација, која што гледам медиумите слабо ја објавуваат, дека тие кои се припојуваат кон санкциите треба и дипломатски да ја изолираат Руската федерација, рече Пендаровски во емисијата „Топ тема“, додавајќи дека не се санкционирани сите руски бизнисмени низ светот, одговарајќи на прашањето што е со рускиот капитал во земјава и дали се предвидува некакви санкции за нив.