Пендаровски: Поради негативните трендови во некои општини не смеат да се вратат рестриктивните мерки на цела територија

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски на денешното обраќање изјави дека поради негативните трендови забележани во некои општини не смеат да се вратат рестриктивните мерки на целата територија и кон сите граѓани.

„Разговаравме за зголемувањето на бројките и се размислува за карантин на делови од општините Чаир, Сарај, Аеродром, Гази Баба“, изјави претседателот на новинарско прашање.

Тој им се заблагодари на граѓаните бидејќи ги почитуваат препораките во изминатите три месеци, но, посочи дека не смееме да се опуштиме.

„Ние оваа битка сигурно ќе ја добиеме, но морамае да останаме совесни и одговорни до самиот крај“, рече Пендаровски.

Од лидерите на политичките партии побара да бидат на висина на својата одговорност и да договорат датм за избори бидејќи техничката влада има лимитирани можности.

Претседателот Пендаровски додаде дека со промена на законот, со законска регулатива, „може да се воведе неработен ден како можност за гласање, како на пример среда, не само недела како било досега“.

Слични содржини