Пендаровски: Посета на Полска како потврда за зајакнатиот политички дијалог меѓу двете земји

од Vladimir Zorba
277 прегледи

Посета на Полска како потврда за зајакнатиот политички дијалог меѓу Северна Македонија и Полска. Разговори со претседателот Анджеј Дуда за актуелните безбедносни прашања, енергетската и економската криза, предизвици со кои заеднички се соочуваме во Европа, сподели претседателот на РСМ, Стево Пендаровски.

Нашите европски интеграции се една од клучните точки на дискусија, имајќи ја предвид и силната полска поддршка што ја имавме за отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ, истакна претседателот.