300
„Кога директно се обративме до седиштето на Фајзер во Бостон, не прашаа која е големината на потенцијалниот пазар и кога кажавме дека сме 2 милиони граѓани, разговорот брзо заврши“, изјави претседателот на државата, Стево Пендаровски во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.
Според неговите зборови, од компанијата рекле дека во тој момент, пред Нова година, имале огромна побарувачка од големи држави со милиони жители, така што „деловната политика на фирмата не била да разговара со држави помали од 2 милиони жители“.
Пендаровски напомена дека Ковакс механизмот целосно потфрлил и дека во овој момент, не постои европска земја – членка на ЕУ, каде што граѓаните се задоволи како тече процесот на вакцинација.