Пендаровски прими делегација на Светска банка, зборувале за предизвиците од руската инвазија врз Украина

од Vladimir Zorba
154 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Светска банка, предводена од Ана Бјерде, потпретседателка на Светска банка за Европа и Централна Азија.

Соговорниците зборуваа за портфолиото на Светска банка за регионот на Западен Балкан и Северна Македонија, тековните проекти и плановите на среден рок.

На средбата се разговараше за политичките и економските случувања во поширокиот регион и предизвиците од руската инвазија врз Украина и за глобалната економија. Соговорниците разменија мислења за проекциите за раст на земјите од регионот во текот на оваа година, како и проекциите за глобалната економска и финансиска стабилност.

Делегацијата на Светска банка престојува во Северна Македонија по повод учеството на Втората годишна конференција на Министерството за финансии.