Претседателот на државата Стево Пендаровски информираше дека денеска во Давос имал кратка средба со сопственикот на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед, Аврам Глајзер.
Пендаровски потенцира дека разговарале со најдобриот играч на англискиот клуб Кристијано Роналдо.
-Разговаравме за подемот на македонскиот репрезентативен фудбал и квалитетот на нашите фудбалери. Зборувавме и за Роналдо, несомнено еден од најдобрите. Ја имав честа од прва рака да чујам за неговиот иден статус и за најновите засилувања во клубот, појасни Пендаровски.
Пендаровски како шеф на државата присуствува на Светскиот економски форум во Швајцарија.