852
Претседателот Стево Пендаровски во живо го следеше историскиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација против Исланд, кој го добивме со 3-1. Со тоа, за првпат се пласиравме во баражот за едно светско првенство.
-Честитки момци за одличната игра! Цела нација вечерва ја бодреше македонската фудбалска репрезентација во тешкиот меч против Исланд. Продолжуваме напред да се бориме за пласман за светското првенство во Катар. Се гордееме со вас!, напиша Пендаровски на својот Фејсбук профил.