Пендаровски се сретна со претставници на влашката заедница во пресрет на 23 мај

од Andreja Salpe
266 прегледи

– Претседателот Стево Пендаровски, во пресрет на 23 Мај – Националниот ден на Власите, денеска прими претставници на влашката заедница во состав: претседателот на Демократскиот сојуз на Власите, нејзиниот основач и претставник на бизнис заедницата, како и претставник на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и претставник на Партијата на Власите.  

На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот, се разговараше за предизвиците со кои се соочува влашката заедница во реализирањето на нивните приоритети, како и за нивното активно учество во севкупниот политички и општествен живот во земјава, како и за претстојниот попис при што претседателот на Демократскиот сојуз на Власите, Никола Бабовски го изнесе ставот на Власите за измени на Изборниот законик и една изборна единица со загарантирани места за припадниците на заедниците. Соговорниците се осврнаа на досегашниот напредок во однос на остварувањето на правата на влашката заедница во повеќе области истакнувајќи дека за што поголеми резултати потребен е заеднички ангажман и максимална посветеност на сите чинители во нашето демократско општество.

Претседателот Пендаровски честитајќи им го Националниот ден на Власите, ја потврди својата поддршка за активностите на влашката заедница за промовирање на влашката култура, јазик и традиција во земјава со коишто придонесуваат во градењето на нашето мултиетничко, мултикултурно и демократско општество. 

Слични содржини