Пендаровски: Сите земји-членки на НАТО ќе дадат по нешто за Украина

од Nikola Popovski
234 прегледи

Имам информации што ќе ѝ дадеме на Украина, истата информација ја знае и министерката за одбрана, но поради тоа што е НАТО класификација, не можеме да споделиме со јавноста, изјави синоќа претседателот Стево Пендаровски.

Според него, имаме цел список доставен од Украинската амбасада за тоа што им е потребно, но тоа е повеќе медицинска опрема, која ќе ја донираме.

-За воените средства не можеме да кажеме, имајќи предвид дека Руската федерација соопшти оти сите оние кои дотураат оружје на Украина ќе бидат наша легитимна цел и од тој апсект не можеме да се изложуваме. Треба да знаеме дека сите 30 земји-членки на Алијансата дадоа и ќе дадат по нешто за Украина, информира Пендаровски во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.