Претседателот Стево Пендаровски смета дека треба да почекаме до понеделник за да видиме како ќе се развира ситуацијата по неуспешниот обид за интерпелација на Владата.
-Ситуацијата е пата-пата. Да видиме дали од задутре ќе се формира ново и ќе се обнови постојното или ќе се зголеми досегашното мнозинство од 61 пратеник. Ако мислите на други аспекти од моето постапување, затоа што имаше повици од медиумите и дел од политичките субјекти за лидерска средба, мојот став е дека за такво нешто мора да има согласност од двете страни. Во моментов нема согласност од двата политички блока околу тоа, вели Пендаровски во изјава за медиумите.
Прашан дали ќе има предвремени парламентарни избори, шефот на државата појасни дека според Уставот, постои само еден начин за распишување предвремени избори, а тоа е пратениците со 61 глас „за” да го распуштат Собранието.