219
Претседателот Стево Пендаровски денеска негираше дека ѝ подарил шарпланинец на унгарската претседателка Каталин Новак.
-Претседателката веќе има две кучиња. Ова беше само да ѝ покажеме еден домашен вид на куче, раса која е специфична за ова поднебје. Со Европската унија можеме да водиме преговори, но не го даваме Роки, се пошегуа Пендаровски на крајот од прес-конференцијата со Новак.
На тоа се надоврза и унгарската претседателка која изјави:
-Веројатно моите домашни кучиња нема да го примат Роки и би им пречело. Мене ми е многу што го погалив, но ќе го оставам тука, кажа Новак.