322
„Тоа што сме денес со Радев заедно се случува по првпат на највисоко државно ниво, за да бидеме претставени. Сакаме да покажеме дека и на Балканот има луѓе и политичари кои можат да зборуваат со европски јазик за нашите актуелни проблеми и за нашата иднина“, вели претседателот Стево Пендаровски во заедничката посета на Ватикан со бугарскиот претседател Румен Радев.
Тој наведе дека во колегата Радев во овие два дена нашол соговорник на ист јазик.
„Се надевам дека трендот ќе продолжи. Напредок е возможен само ако во дијалогот влегуваат двајца рамноправни соговорници. Исто така, сакам да посочам дека денес направив голем компромис, јас сум постар од него, но му дадов шанса да зборува прв“, се пошегува на крај претседателот Пендаровски.