Претседателот Стево Пендаровски денеска изрази сочувство по повод смртта на економистот и политиколог Владимир Глигоров кој почина вчера во 78. година од животот.
„Клучните тези на почитуваниот Владимир Глигоров, за Рамката за развој #МКД2030. Ви благодарам и почивајте во мир“, објави Пендаровски на социјалните мрежи.
Познатиот економист и политиколог Владимир Глигоров вчера ненадејно почина во 78. година од животот. Глигоров е син на првиот македонски претседател Киро Глигоров.