Пендаровски: Со Заев сме согласни дека некои личности и настани можат да се слават од обете страни, но дека македонскиот народ има своја посебна историја

284 прегледи

Претседателот на С.Македонија, Стево Пендаровски, посочи дека го гледал интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС, во кое за него лично потенцираше дека е неискусен во рамки на својата изјава за односот на Софија кон Скопје, кое како што вели е наследство од режимот на Тодор Живков.

Имено, Пендаровски во своето интервју за Дојче Веле, вели дека спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитува и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување на опасната стапица на историскиот ревизионизам.

Исто така, потенцираше и дека тој заедно со Заев се согласни дека некои личности и настани можат да ги слават обете страни, но дека македонскиот народ има засебна историја, исто како и бугарскиот.

„Го погледав интервјуто на премиерот и ги прочитав реакциите во македонската јавност, и во дел од коментарите, за жал, беше присутна дилемата дали државниот врв настапува единствено во однос на ова витално национално прашање. За решавање на спорови со стратешка тежина се потребни два предуслови: да постои политичка волја што понекогаш подразбира и политичка храброст да дојдете до консензус кој никогаш не ви го зголемува рејтингот, и второ – да се држите до историските факти кои се меѓународно верификувани и до политичката реалност која е очигледна“, вели Пендаровски во интервјуто.

Слични содржини