Пендаровски: Во Декларацијата за црвените линии се опфаќа и Гоце Делчев

од Nikola Popovski
235 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски смета дека нема потреба од посебна Декларација за револуционерот Гоце Делчев, што денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во Собранието.

-Мислам дека нема потреба. Доволна на таа тема е Декларацијата што сите партии ја поддржаа во парламентот за нашите црвени линии. Кога зборуваме во таа Декларација за црвените линии во однос на тоа што ни е клучно, а тоа е идентитетот, се опфаќа и Гоце Делчев, изјави претседателот, како одговор на новинарско прашање.

ВМРО-ДПМНЕ во рамките на македонското Собрание поднесе Декларација со која што, како што изјави лидерот на партијата Христијан Мицкоски, сакаат да добијат поддршка од сите политички партии кои што се парламентарни и вонпарламентарни со една цел да го зацврстат темелот за ликот и делото на Гоце Делчев.

Слични содржини