Со тој човек никогаш не сме биле сопартици, јас не сум член на политичка партија.И да сум бил со тој човек во иста партија би ми било минус во животот. Има луѓе кои имаа потреба секој ден да зборуваат дека се Македонци кои зборуваат македонски јазик, други кои имаат лабави национални сознанија кои постојано повторуваат дека се Македонци , вели, претседателот Стево Пендаровски во Тема на денот на ТВ Сител во врска со изјавата на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
Тој појасни дека на прашањето на полската новинарка „Што значи отворањето на преговорите“ кажал дека:„Tоа не е добро само за С.Македонија и народот кој таму живее,туку е добро и за целиот регион“ .
Претседателот кажа дека е разочаран што оваа реакација доаѓа од човек кој гласал за Преспанскиот договор.
-Излезе дека тој е поголем вмровец од вмровците и навистина се срамам што такви политички „прелетачи“ воопшто ме гласале, кажа Пендаровски.
Димитриевски вчера упати остра реакција за изјава на претседателот Стево Пендаровски при посетата на Полска пишувајќи:
“Народот кој што таму живее” ех Претседателе мој, се срамам од самиот себеси што те поддржав но и што водев кампања за тебе.
Дојде време ни името на сопствениот народ македонски да не смееш да го изустиш.
– Имајќи почит кон функцијата која што ја обавувате ќе се воздржам од дополнителни коментари но јавно се извинувам на граѓаните што направив грешка при мојот избор и агитирав за Вас да денеска неодговорно кон граѓаните ја извршувате оваа функција.
– Надминал македонецот и потешко и полошо и секогаш излегувал посилен.
Секоја чест за Р. Полска која уште од граѓанската војна во Грција ги прифати децата бегалци и им овозможи училишта на мајчин македонски јазик, докажан пријател и партнер на Македонија, напиша Димитриевски на Фејсбук.