Поранешниот кандидат за претседател на СДСМ Стево Пендаровски смета дека сега за сега, за ДУИ нема место на масата во Брисел на која се водат разговорите за политичката криза во Македонија.
Според него, актуелната политичка криза во државата е исклучително тешка и длабока, бидејќи влијае врз сите државни институции.
– Денес едни македонски граѓани се соочуваат против други и се борат со политички средства за тоа, каков пат на развој ќе избере земјата. Дали овој пат ќе биде демократски, слободен и европски, или, пак, во земјата ќе има диктатура. Сè додека ДУИ го поддржува Груевски и смета дека Владата на чело со ВМРО-ДПМНЕ ја води државата по вистинскиот пат, односно кон нејзините евроатлански интеграции, не може за неа да се најде место на масата во Брисел – изјави Пендаровски за „Слободен печат“.
