Пендаровски за спорот со Бугарија: Да не се плашиме ако стане паневропски, иако Софија инсистира да остане билатерален

од Nikola Popovski
211 прегледи

Не треба да се плашиме од евентуално „проширување“ на спорот со Бугарија од билатерален во паневропски, а компромисот, пак, подразбира попуштање од двете страни, изјави претседателот Стево Пендаровски за дневникот на ТВ Сител.

Тој потенцира дека „треба да има повеќе Европа во спорот“.

-Бугарија инсистира на строга билатерала. Не гледам пречка и да се сложиме на едниот или на другиот пристап, но најмалку 11 па и 12 земји во ЕУ не го сакаат тоа. Немаат намера да се занимаваат со билатерален спор. Европа не сака билатерален спор да претвори во паневропски, смета Пендаровски.

Тој посочи дека нашата декларација со ниту еден збор не ја навредува бугарската нација, а нивната е навредлива кон нас на многу точки, дека ние не сме тоа што сме и дека не зборуваме на јазикот на кој зборуваме или дека пред 1944 година сме биле нешто друго.

-Бугарската страна тврди дека кај нас има говор на омраза кон се што е бугарско и дека има бројни примери на дискриминирани етнички Бугари, истакнува Пендаровски и предлага ако има таков случај отворено да се зборува за тоа.