Пендаровски ѝ понуди на Турковиќ искуства во интеграцијата во НАТО

од Nikola Popovski
148 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска на средба со шефицата на дипломатијата на БиХ, Бисера Турковиќ, ја потврдил поддршката за европските аспирации на БиХ и изразил подготвеност за споделување искуства за процесот на интеграција во НАТО.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, на средбата меѓу Пендаровски и Турковиќ, која е во работна посета на Скопје, биле потврдени добрите билатерални односи на двете земји и изразена волја за натамошно продлабочување на соработката во сите сфери од заеднички интерес, особено во областа на економијата.

Се наведува дека биле разменети мислења за евроинтеграциите на двете земји, за улогата на Европската унија во регионот во однос на актуелната геополитика, а била посочена и важноста од спроведување на клучните реформски процеси.

„Пендаровски уште еднаш ја потврди поддршката на нашата земја за европските аспирации на БиХ и изрази подготвеност за размена на искуства во врска со процесот на интеграција во НАТО, додавајќи дека европските перспективи на двете земји се во насока на градење силен и стабилен регион“, се вели во соопштението.

Се додава дека претседателот Пендаровски и министерката Турковиќ размениле и информации за предизвиците со кои се соочува регионот во однос на политичката, економската и безбедносната состојба.

Слични содржини