Пендиков: Не се плашам што сум во Охрид, но не е убаво чувството да добивате смртни закани на Фејсбук

од Nikola Popovski
787 прегледи

Охриѓанецот Христијан Пендиков денеска за првпат се врати во својот град после претепувањето на 19-ти јануари, при што присустуваше на судското рочиште во Охридскиот суд. Во изјава за медиумите, тој порача дека во моментов е подобар.

-Имам се уште прегледи што ми следуваат заради тоа што имам два пукнати пршлени и се надевам дека ќе можам да патувам на 12-ти јули. Сакам да го остварам моето право и да присуствувам, рече Пендиков околу тоа дали ќе присуствува на следното судско рочиште.

Беше запрашан дали стравува за тоа што во моментов се наоѓа во Охрид, на што одговори:

-Лично не се плашам што сум во Охрид, но не е убаво чувството да добивате по 20-30 смртни закани и пцуење на Фејсбук, Месинџер и на се што може да постои и да се чита по коментари, кажа кратко Пендиков.

Христијан Пендиков, македонски граѓанин со бугарска самосвест, е и секретар на сега згаснатиот бугарскиот клуб „Цар Борис“ Според обвинението, напаѓачот Илија Спасески, поради омраза по национална и етничка линија, го натепал Пендиков.

Охридското Обвинителството поднесе обвинителен предлог против едно од лицата за кои се смета дека го претепаа секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис“ во Охрид, Христијан Пендиков. Тој се бранел со молчење во текот на истражната постапка.

Слични содржини