Пендиков повторно не дојде на судењето за претепувањето, обвинетиот Спасески вели дека не е виновен

од Nikola Popovski
172 прегледи

Првообвинетиот за нападот врз охриѓанецот со бугарска самосвест, Христијан Пендиков, Илија Спасески пред Судот во Охрид се произнесе дека не е виновен за делото.

Неговиот адвокат Димитрија Цобоски, по однос на обвинението даде кусо образложение во кое изјави дека одбраната не спори дека оштетениот критичната вечер бил повреден, но оти во доказната постапка ќе успее го убеди Судот дека во делото нема докази за зборови од омраза, како што сака тоа да го наметне Обвинителството, како и оти нема материјални докази дека провообвинетиот е извршител на делото.

Од одбраната на Спасески потенцирале дека оштетениот не е Бугарин, односно дека нема бугарско државјанство, туку дека се работи на македонски државјанин.

Претепаниот Пендиков не дојде ниту на денешното рочиште. Неговиот адвокат Стефан Камишевски, пред Судот образложи дека неговиот клиент не е во можност физички да присуствува на рочиштето од здравствени причини.

Како оштетена страна во процесот, Камишески најави дека во постапката ќе биде предјавено парично оштетно побарување, согласно тежината на повредите на оштетениот во кривичното дело.

Спасески се товари за нанесување тешки телесни повреди мотивирани од омраза врз основа на национално и етничко потекло и беше уапсен неколку дена по нападот на Пендиков на 19 јануари, но беше пуштен од притвор на 22 февруари.

Истиот ден беше уапсен и вториот напаѓач на Пендиков – Б.А. од Битола. Охридското обвинителство побара судот привремено да му го одземе пасошот, за да не може да ја напушти државата, а од бугарските власти ја побара адресата на која моментално престојува Христијан Пендиков за да го сослуша како сведок.

Слични содржини