Пендиков утрово ќе се појави пред Охридскиот суд

од Nikola Popovski
462 прегледи

Охриѓанецот Христијан Пендиков, кој беше тешко претепан на 19 јануари годинава, утрово го дава своето прво сведочење пред истражителите во Охрид, јавуваат бугарските медиуми.

Ова е прво враќање на Пендиков во родниот град по неговото лекување во Софија. Тој мора да го опише нападот и причините за нападот. По инцидентот, обвинителството во Охрид соопшти дека делото е сторено поради етничката припадност на Пендиков.

На последното судско рочиште еден од напаѓачите Илија Спасески изјави дека „го разбира обвинението, но не се чувствува виновен.“

Пендиков беше секретар на сега веќе поранешниот бугарски клуб „Цар Борис Трети“, кој е затворен заедно со другите клубови кои одбија да ги променат своите имиња и називи. Тој месецов ја заврши својата процедура за добивање бугарско државјанство што ја почнал во декември минатата година. Пасошот лично му го даде потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова на свечена церемонија на која присуствуваа повеќе луѓе и таа се пренесуваше во живо. Тој истакна дека сè уште има многу македонски Бугари, како што се претседателите на бугарските клубови, кои немаат бугарско државјанство, а за ова доставиле документи пред долго време.

Претепувањето на Пендиков предизвика напрегнатост во односите меѓу Македонија и Бугарија. Во Софија тоа беше оценето дека се засилувале постапките од омраза во Македонија.

Слични содржини