Пендровски не одговори дали ќе се кандидира на следните избори

од Vladimir Zorba

Претседателот Стево Пендаровски се уште не се изјаснува дали ќе се кандидира на следните избори за шеф на државата. Вели дека најважна му е поддршката од граѓаните.

Во вечерашното гостување во телевизија „Сител“, Пендаровски не одговори ниту дали претседателските и парламентарните избори следната година треба да се одржат истовремено.

-Не знам. Кога ќе дојде време веројатно ќе се изјаснам. Јас сум рекол важна ми е поддршката од коалицијата која во 2014 ми ја даде таа поддршка, не само од 2019, но далеку поважна ми е поддршката од граѓаните. Ако ја немам, нема да размислувам, но ако ја имам, можам да размислувам заедно со политичките субјекти кои би сакале во тој период да ме поддржат, рече Пендаровски.

На прашањето дали претседателските и парламентарните избори треба да се одржа истовремено следната година, тој рече дека нема да одговори бидејќи тоа ќе се смета дека тој има некаков личен интерес од тоа.

-Јас сум актуелен претседател и ќе речат дека имам некаков личен влог или личен интерес во тоа, а немам. И затоа преферирам да не ви одговорам на прашањето, рече Пендаровски.

Според Уставот и законските рокови, како што посочи, овие избори не се врзани. Претседателските избори, вели тој, мора да се одржат догодина во април, бидејќи на 12 мај завршува мандатот на Претседателот.

Слични содржини