Пенов: 1000 закажани термини некој ги зафаќа, граѓаните не се јавуваа за сликање за пасоши

од Nikola Popovski

Пасошите ги печати германска фирма која е избрана на тендер во 2010 година. Договорот со таа фирма се уште е во важност и е таен, изјави денеска министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов за проблемот и гужвите со промената на личните документи.

Пенов како што информира, договорот е потпишан уште кога на власт е ВМРО-ДПМНЕ, а министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

-По тој договор инсталирана е машина во земјава, со капацитет од 4000 пасоши на ден. Вториот факт е дека Преспанскиот дговорот е потпишан во 2018 година, а обврските за промена на пасошите течат од усвојување на Уатавот, кој што се случува на 12-ти февруари 2019 година. Меѓутоа, со донесување на Устав не се менуваат пасоши. Затоа се донесени два закони кои што се предуслов за некој да издава пасош со РС Македонија. Едниот закон е донесен декември 2020, а другиот јуни 2021 година. Зошто толку доцна – има објективни причини како корона-криза и избори, но најмногу поради расправата дали таму треба да пишува Македонец, граѓанин на РС Македонија… Сето тоа доведе првиот пасош со РСМ, законски да се издава од јули 2021 година, кажа Пенов во емисијата „Студио 10“.

-Од јули 2021 до 12 февруари 2024 година, има околу 600 работни денови и имаме машина што издава 4000 пасоши на ден. Според тоа, во работни денови, можат да се издадат 2,4 милиони пасоши. Ако дојде до ваква криза како денеска, има можност да внесеш неработни денови и да го зголемиш капацитетот. Јас кога влегов во Владата, министерот Спасовски почна да информира дека граѓаните не се јавуваат на закажаните термини за сликање за пасоши. Никогаш бројката од 3000 не е надмината. 1000 термини некој ги зафаќа и не ги користи и им го зема правото на другите граѓани да го искористат и оттаму настанува гужвата, инфомира министерот.

Слични содржини