И ова назначување не е од политички мотиви и не влегувам со политички мотив да правам кариера. Ова доаѓа како резултат на пристојна понуда која ќе беше непристојно доколку ја одбиев во овие моменти. Во тој склоп со партијата и премиерот се решивме. Бев изненаден, може да се рече, вели новиот министер за локална самоуправа, Ристо Пенов околу неговата функција во Владата.
Пенов е највозрасниот министер во Владата. Тој не смета дека ќе има предвремени избори на пролет и очекува да остане на функцијата до терминот за редовни избори во 2024 година.
За неговата партија ЛДП, Пенов вели дека најмалку е проблем во тешки ситуации да бидеш „сателит“.
-Зајкова е единствен кандидат за нов лидер на партијата. Јас нема да се кандидирам. Кај нас е самокандидирање и тоа е оперативно место. Треба млади и свежи идеи и сили, како ние кога ја правевме инфраструктурата на партијата, рече Пенов во емисијата „Само интервју“.