Нека покажат на дело од ВМРО-ДПМНЕ дека се за Европска Македонија – едно е на зборови, друго е на дело. Тие се против основниот услов што ЕУ го поставува за уставните измени. Тоа значи блокирање на патот кон Европа, изјави денеска министерот за локална самоуправа и член на ЛДП, Ристо Пенов.
Според него, ЛДП се во коалиција со СДСМ и најави дека ќе го поддржат консензуалниот кандидат кој што ќе го предложи најголемата владеачка партија.
-Тоа се нормални политички флоскули – тој кога се заедно во коалиција е добар министер за одбрана, кога не се во коалиција тој човек за нив не е достоен. Џафери со функцијата претседател на Собрание и претходно министер, покажа дека е капацитетен и дека има капацитет и оваа функција да ја извршува. Нив досега кампањата им беше доста од „Артанизација“, а сега нова песна треба да се пее, рече Пенов во емисијата „Студио 10“, запрашан за коментарите на ВМРО-ДПМНЕ дека Талат Џафери нема легитимитет и не е достоен за функцијата премиер.