Пенов: Милион евра не се проблем за Скопје за решавање на случајот со приватните превозници

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Еден милион евра не се голем проблем за Градот Скопје и за Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје” и тоа не може да биде мотив за да се блокира Скопје и да се упропастат десетици милиони евра за трошоци на граѓаните за справување со последиците, вели во интервју за МИА министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

– По мене тој спор е лесен и едноставен. Индивидуално е тежок за сите превозници, говорам за поединци кои не примиле плата, се истрошиле и се задолжиле. Инаку гледајќи го како проблем, еден милион евра за Градот, за ЈСП, не може да биде проблем и не може да биде мотив за да се блокира Скопје, и да се потрошат десетици милиони евра, да се упропастат кај трошоци што ги прават граѓаните преку повеќе потрошени горива за превоз, поголеми трошоци за стигнување до работно место, изгубени работни часови, изгубени бизниси, затворени дуќани или фирми затоа што не може да им пристапат клиентите, тоа се огромни штети, вели министерот.

Според него, оттука произлегува дека блокадите имаат политичка позадина и оценува дека протестот не бил насочен ниту кон ЈСП, ниту кон градоначалничката, туку бил насочен да ја растури политичката атмосфера во нашата држава и да го зголемува гневот и незадаволството на граѓаните кон Владата.

– Јасно се оцртуваат контурите на опозицијата, само таа може да има интерес од еден ваков спор. Бидејќи одговорноста која тие ја презеле пред скопјани за водењето на Градот, за водењето на ЈСП, им бега од раце, не можат да го решат проблемот, и се извлекуваат во еден процес во кој ни прикажуваат дека Владата треба да се инволвира и таа да го решава проблемот, потенцира Пенов во одговор на прашањето, која е политичката позадина на протестите.

Слични содржини