Прва средба на Ристо Пенов со скопската градоначалничка Арсовска како нов министер за локална самоуправа.
-Со градоначалничката која е и претседател на ЗЕЛС зборувавме за програмите кои ни претстојат и треба да се реализираат, кажа Пенов.
Како некогашен прв човек на Скопје, не сакаше да го коментира актуелното функционирање на главниот град.
Пенов ја оправдува одлуката на владата во врска со формирањето на претпријатија за улично осветлување од страна на општините за која дел од градоначалниците негодуваа.
-Правилна е одлуката на владата затоа што таа ја субвенционира струјата, таа ги балансира трошоците и мора да се следат тие инструкции, кажа Пенов.