Пенов: Популистичко однесување на голем дел од бившите и сегашни градоначалници придонело јавните претпријатија по општините да тонат во долгови, а потоа да се бара помош од Владата

од Nikola Popovski
263 прегледи

Оценувајќи ја состојбата со општините, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во Студио на Слободен печат посочи дека потребно е да се работи доста на делот на децентрализација за да имаме што покапацитетни општини.

„Во време кога јас бев градоначалник моите надлежности беа многу помали од она што се денеска, но таа ниска капацитетност на локалната администрација и институциите, доведува до оваа состојба, како и популизмот на новите градоначалници кои доаѓаа сите овие изминати години, не говорам само за Скопје туку и за другите општини“ рече Пенов.

Според него,одредено популистичко однесување на голем дел од бившите и сегашни градоначалници придонело јавните претпријатија по општините да тонат во долгови, а потоа да се бара помош од владата.

„Цените на комунланите услуги се речиси исти од мое време.а поминале толку години, се зголемиле цени на нафта, на материјали, на енергија, се зголемиле платите што се основни трошоци на јавните претпријатија, а цената на услугите останува иста. Тоа се случува од популистичка причина, да не се загубат гласачите и потоа се вртиме кон владата да ни даде донација за да ги покриеме загубите, што пред некоја година и се случи, сите загуби на јавните претпријатија се расчистен и денес повторно имаат загуби.

Овој проблем мора сериозно да се разгледа и да се најде оптимално решение. Не може се да се префлри на грбот на граѓаните, но не може и општинските буџети да ги издржат сите притисоци. Тој буџет може ќе издржи, но ќе се возите во стари автобуси, сметот ќе се собира со неадекватни возила, улиците рачно ќе се метат, се е тоа резултат на таквата политика„ заклучи Пенов.

Слични содржини