Пенс и Камала Харис разговарале телефонски пред инаугурацијата на Бајден

од Stefanija Kuzmanovska

Потпретседателот на САД во заминување, Мајк Пенс вчера разговараше со неговиот наследник Камал Харис, откри извор близок на „Франс Прес“.

Тој телефонски разговор е во контраст со односот помеѓу Трамп и новиот претседател Бајден.

Кога Бајден официјално ќе биде прогласен за претседател, Трамп ќе биде на својот имот

Пет дена пред заклетвата на Бајден, Трамп сè уште не му ја честиташе изборната победа. Тој ќе го напушти Вашингтон во среда и нема да присуствува на инаугурацијата на Бајден.

Наместо тоа, тој ќе биде на својот имот Мар-а-Лаго во Флорида, додека Пенс ќе присуствува на инаугурацијата.

Односите меѓу Трамп и Пенс се влошија откако Пенс во Конгресот ја потврди победата на Бајден на изборите.

Слични содржини