Пенс: Секој што го прекршил законот и насилно влегол во зградата на Конгресот ќе одговара

од Vladimir Zorba
320 прегледи

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс, рече дека сите што денес го прекршија законот и насилно влегоа во зградата на Конгресот ќе одговараат.

„Насилството и уништувањето во Капитол мора да престанат веднаш, а сите што насилно влегоа во Конгресот мора да се покоруваат на припадниците на органите на законот и веднаш да ја напуштат зградата“, наведе Пенс на својот профил на Твитер.

„Мирните протести се право на секој Американец, но нападот врз Капитол нема да се толерира и сите инволвирани ќе бидат гонети во согласност со законот“, рече Пенс.

Откако неговите приврзаници влегоа во зградата на Конгресот, Доналд Трамп повторно се обрати, повикувајќи ги уште еднаш да го почитуваат законот.

„Ги замолувам сите во Капитол да останат смирени и да се воздржат од насилство. Почитувајте го законот и нашите големи мажи и жени во сини униформи. Ви благодарам“, напиша Трамп на Твитер.

Слични содржини