Пенс со критика за импичментот на Трамп

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Американскиот потпретседател Мајк Пенс во текот на денешната ненајавена посета на американските војници во Ирак ја критикуваше истрагата на демократите во Претставничкиот дом на Конгресот за отповикување на претседателот Доналд Трамп.

Во воздухопловната база Ал Асад, на западот од Ирак, тој кажа дека администрацијата на претседателот Трамп работи на тоа да обезбеди ново зголемување на платите во вооружените сили и нагласи дека истрагата за импичмент го забавува овој процес.

-Герилската политика и бескрајните истраги ги забавуваат работите во Вашингтон, рече Пенс, пренесен од американските медиуми.

Ненајавената посета на Пенс на Ирак е прва ваква на највисоко ниво откако пред два месеца Трамп го нареди повлекувањето на американските сили од Сирија.

Слични содржини