565
Американски воен брод и неколку комерцијални бродови биле нападнати денеска во Црвеното Море, соопшти Пентагон.
„Свесни сме за извештаите за напад на американскиот разурнувач УСС Керни и комерцијални бродови во Црвеното Море и штом имаме повеќе информации, ќе ги објавиме“, соопшти Пентагон, пренесе АП.
Во соопштението не е наведено од каде се нападите, но агенцијата потсетува дека јеменските Хути претходно извршија серија напади врз бродови во Црвеното Море и лансираа беспилотни летала и проектили насочени кон Израел.
Претходно во текот на денот, британски товарен брод наводно бил погоден од проектил додека минувал низ Црвеното Море, соопшти компанијата за поморска безбедност Амбри.