Соединетите Американски Држави не гледаат смисла во испраќање на големи извидувачко-ударни дронови МК-9 „репер“ во Украина, бидејќи немаат шанси против руската противвоздушна одбрана (ПВО), изјави шефот на Пентагон, Лојд Остин.
„Таа платформа нема да опстане ако се обидат да ја применат во таа ситуација“, рече Остин на прашањето на сенатор за можноста за предавање на дронови МК-9 на Украина.
Претседателот на Здружениот Генералштаб, Марк Мили, се согласи со Остин и рече дека дронот нема да преживее бидејќи ќе биде погоден од руски систем за противвоздушна одбрана.
Тој се сомнева дека беспилотното летало МК-9 ќе им даде дополнителни можности на украинските војници во споредба со помалите, побрзи и повешти дронови кои ги добиваат од Западот.
Остин исто така изјави дека според мислењето на Пентагон, на Украинците сега им е најпотребна противвоздушна одбрана, оклопни возила и средства за долг дострел.
Претходно, министерството за одбрана на Русија соопшти дека американскиот дрон МК-9 паднал во Црното Море при остри маневрирање. Руските ловци кои биле подигнати за пресретнување не биле во контакт со него, ниту го користеле своето оружје. Како што е објаснето, утрото на 14 март американско беспилотно летало МК-9 полетало кон руската граница со исклучени транспондери, а руски ловци биле лансирани во воздух за да го идентификуваат натрапникот. Поради ненадејно маневрирање, дронот изгубил висина и паднал во водата, пренесува „Спутник“.