Американскиот министер за одбрана Лојд Остин се наоѓа во болница и се чувствува добро, соопшти Пентагон, истакнувајќи дека точниот датум кога тој ќе ја напушти болницата сè уште не е познат.
Веста за хоспитализацијата на Остин на први јануари поради компликации по операцијата на рак на простата не ѝ беше откриена на јавноста, ниту пак Белата куќа и конгресмените беа свесни за тоа, речиси поголемиот дел од минатата недела, што предизвика политичка реакција и поттикна истрага во Конгресот, пренесува „Ројтерс“.
Остин (70) бил примен во Медицинскиот центар на националната армија Волтер Рид во Мериленд на 22 декември за лекување на рак на простата. Тој се вратил во болница на први јануари поради компликации, вклучително и инфекција на уринарниот тракт.