Една од најголемите агенции на светот, американскиот Пентагон, не може да оправда каде потрошила 800 милиони долари, стои во интерниот извештај на една водечка ревизорска компанија, објави „Политико“.

Ревизорската компанија„Ernst & Young“ откри дека Агенцијата за логистика на американското Министерство за одбрана не успеала да обезбеди документација за повеќе од 800 милиони долари вложени во градежни проекти.
Во изештајот за Пентагон компанијата наведува дека тоа е само еден во низата примери во кои недостига „црно на бело“ за милиони долари во имоти и опрема.
Овој извештај излезе во време кога американскиот претседател Доналд Трамп предлага зголемување на воениот буџет.
Финансискиот менаџмент на оваа агенција е толку слаб што нејзините водечки функционери и тела немаат сигурен пат по кој може да ги следат парите за кои се одговорни, стои во извештајот.
Ревизијата отвора нови прашања за тоа дали Министерството за одбрана може одговорно да располага со годишниот буџет од 700 милиони долари, па не со дополнителните милијарди што Трамп планира да ги предложи месецов.
Како што наведува „Полиико“, ревизијата на трошоците на Министерството никогаш не била направена, иако Конгресот има мандат за тоа, а за „неуредната состојба“ за некои членови во книгите на Агенцијата на Министертвото се чини никогаш и нема да може да се направи точна ревизија.
„Ако не можете да ги следите парите, никогаш нема да може да направите ревизија“, вели републиканскиот сенатор Чак Гејсли од Ајова кој е висок член на Комисијата за буџет и финансии.