Пентагон очекува решавање на спорот со Турција за набавката на системите С-400

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Вршителот на должноста американски секретар за одбрана Патрик Шанахан изјави дека Пентагон очекува да биде разрешен спорот со Турција околу нејзината набавка на руските системи за противвоздушна одбрана С-400.

– Очекувам дека ќе го решиме тој проблем, со што (Турција) ќе може да има вистинска воена опрема, како ракети Патриот и авиони Ф-35, изјави Шанахан.

Изјавата на Шанахан следи откако САД соопштија дека ја прекинуваат испораката на воена опрема за борбените авиони Ф-35 за Турција.

Вашингтон се обидува да ја убеди Турција да го набави американскиот противвоздушен ракетен систем Патриот, наместо рускиот С-400.