Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на опрема за системот за противракетна одбрана „Патриот“ и сродна опрема во вредност од 105 милијарди долари на Украина, соопшти Пентагон во вторник, цитирано од Ројтерс.
Главни изведувачи за продажбата ќе бидат RTX Corp. и Lockheed Martin.
Во меѓувреме, двајца високи американски воени претставници пристигнаа во Киев во ненајавена посета и ќе се сретнат со украинските воени команданти, пратеници и претседателот Володимир Зеленски, објави Политико.
Американските претставници, секретарот на армијата Ден Дрискол и началникот на Генералштабот на армијата Ренди Џорџ, ќе се фокусираат на вклучување на украинските претставници во застојот во мировниот процес со Русија, додаде Политико.
Дрискол, исто така, планира да се сретне со руски претставници на подоцнежен датум, забележува „Волстрит журнал“ во посебна статија.