Пентагон: Треба да се избегне мирот во Европа (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Во своето последно обраќање во Пентагон, Марк Еспер, американскиот министер за одбрана, се чини и објави војна на Европа: „Ќе бидам јасен – мислам дека Германија е најбогатата земја во Европа. Нејзините трошоци за одбрана може и треба да се зголемат. Мора да достигнат ниво од 2 проценти од БДП или дури и над тоа. Нагласив многу јавно, па дури и во приватни разговори со колегите, колку е важно да го споделиме товарот (трошоците) во рамките на НАТО и кој било друг сојуз, за ​​да можеме сите да ја запреме Русија и да избегнеме мир во Европа“.

Еспер најверојатно направи лапсус, но многумина се прашуваат дали оваа грешка била навистина случајна и какви се новите цели на Пентагон.

Во овој говор, секретарот за одбрана истакна дека САД ќе го намалат своето воено присуство во Германија со повлекување на скоро 12.000 свои војници од земјата. 5,6 илјади од нив ќе бидат префрлени во другите земји на НАТО со цел „задржување на Русија“. Некои од војниците, кои моментно се наоѓаат во Германија, ќе бидат пренасочени кон Црното Море со цел да овозможат безбедност на југоисточното крило. Тој исто така напомена дека Америка наскоро би можела да пренесе дополнителни воени сили во Полска или балтичките земји, односно поблиску до руската граница.

Секретарот за одбрана на САД, исто така, објави план за реконфигурација на американското присуство во Европа, според кој седиштето на американските сили ќе биде префрлено од Германија во Белгија.

Слични содржини