Пентагон: Успешно се спречува поширок регионален конфликт на Блискиот Исток

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Поширок регионален конфликт на Блискиот Исток успешно се спречува, изјави портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер. Во интервју за Би-Би-Си, тој изјави дека во моментов е забележливо дека војната меѓу Израел и милитантите на Хамас е ограничена и дека нејзиното ширење е спречено.

Рајдер ова го изјави откако лидерот на либанската шиитска исламистичка група Хезболах, Хасан Насрала, вчера го одржа својот прв говор по нападот врз Израел на 7 октомври од страна на палестинските милитанти Хамас, во кој најави можна натамошна ескалација, но без конкретни повици за поголем напад врз израелските сили.

Хезболах, кој е поддржан од Иран, спорадично ги напаѓа израелските сили на либанско-израелската граница и ја гранатира израелската територија.

Слични содржини