407
Портпаролот на американското министерство за одбрана, Патрик Рајдер, изјави дека војниците на приватната руска воена формација „Вагнер“ се уште се во Украина по бунтот викендов.
„Но, во однос на нивното специфично расположение и дали тие можат или не мораат да се движат, нема да шпекулирам за тоа“, рече секретарот за печат на Пентагон на брифингот, пренесува Си-Ен-Ен.
Рајдер додаде дека САД не ја смениле својата позиција кога станува збор за одговорот на настаните во Русија.
„Не забележавме ништо што од наша перспектива би барало какво било прилагодување на ставот по тоа прашање“, рече тој.