294
Во земјите од Западен Балкан пензиите се движат од 90 до повеќе од 1.200 евра, пренесува РСЕ.
Највисоки пензии има во Србија, каде минималните се 136, а максималните 1.258 евра, додека најниските пензии во Косово се минималната 90, а максималната 627 евра.
Во Црна Гора најниската пензија е 147, а максималната 1.100 евра, додека во С. Македонија најниската пензија е 170, а највисоката 938 евра.
Во Федерацијата БиХ најниската пензија е 160, а највисоката 1.087 евра.