Владата ја усвои редовната Информација за исплата на пензии за тековниот месец, при што го задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.09.2022 година.
– Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензиите и тоа за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.09.2022 година (четврток); за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.09.2022 година (петок); за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 03.10.2022 година (понеделник) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 04.10.2022 година (вторник), се додава во соопштението.
Од Владата информираа дека со септемвриската пензија, пензионерите на крајот на месецов ќе добијат повисоки пензии за 6,8 отсто, согласно методологијата одобрена во март годинава.
На пример пензионер што има 12 илјади денари пензија, со покачувањето ќе добие плус 816 денари.Зголемувањето на пензиите е согласно методологијата одобрена во март годинава.Според новата методологија усогласувањето ќе биде 50 проценти од трошоците на живот и 50 проценти во однос на просечната плата.