300
Министерството за внатрешни работи информира дека еден тетовец е приведен во полициска станица откако нападнал полициски службеник.
„На 07.04 околу 16.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 71-годишниот тетовец С.М., кој се однесувал агресивно и физички нападнал еден од нив“,информираат од МВР.
Како што велат од полицијата, човекот бил задржан во полициската станица за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.