Понеделникот навечер жител на велешкото село Бањица бил каснат од змија. Според неговото кажување тоа било поскок. Настанот се случил околу 20:50 часот кога отишол да се измие во чешмата од семејниот двор.
Неговото семејство во интерес на времето веднаш со автомобил тргнале кон велешката болница и притоа се јавиле во Службата за итна помош.
Од Велешката општа болница информираат пациентот е надвор од животна опасност.
Ова е трето каснување од змија за десет дена во велешко. На 28-ми јуни, двајца велешани во село Војница била каснати од змии кога го копале лозјето и наишле на змиско гнездо, по што на настраданите од лекарски екипи на Итна помош веднаш им била укажана прва помош со змиски противотров и потоа исто така биле донесени во Велешката болница.
Од Службата за итна медицинска помош која е во склоп на ЈЗУ Здравствен дом Велес, информираат дека деновиве по трошење на дозите биле снабдени со интервентни дополнителни дози на змиски противотров или антивиперинум.