Изјавата на извршниот директор на најголемата австралиска авиокомпанија “Куонтас” Алан Џојс на конференција во градот Перт беше прекината од возрасен маж, кој се приближи до говорникот и му залепи торта во лицето, пренесе Телевизискиот канал Еј-Би-Си.
Инцидентот се случил набргу откако Џојс го почнал говорот во конференциската сала на хотелот “Хајат”. Сторителот веднаш бил изведен и предаден на пристигнатата полиција. Жртвата брзо се справила со непредвидената манифестација – едноставно го измил лицето, го симнал сакото и под аплауз од публиката продолжил со саемот.
Засега полицијата не го соопштува името на возрасниот хулиган, ниту неговите мотиви.
Говорејќи на конференцијата Џојс најави дека по 11 месеци ќе биде извршен првиот лет Перт-Лондон без средно слетување. Компанијата “Куонтас” размислува за такви летови до Берлин, Рим и Париз.