Пензионер пријавил дека обложувалница му ги злоупотребила личните податоци и му ја скратила пензијата од Италија

Гостиварец „добил“ 74.000, а не видел ниту денар

од Nikola Popovski
39 прегледи Фото: Локално

На 20.01.2026 во ОВР Гостивар, 72-годишник од Гостивар пријави дека му биле злоупотребени неговите лични податоци. Според пријавеното, при вадење уверение за остварен доход од Управата за јавни приходи, тој забележал дека во неговото досие се заведени добивки од игри на среќа во износ од 74.294 денари за 2024 година, кои тој никогаш не ги подигнал.

Како што е пријавено, тој се сомнева дека вработени во спортска обложувалница ги искористиле неговите податоци од лична карта за да исплаќаат добивки на трети лица и поради овие фиктивни приходи тој се соочил и со финансиски кратења на неговата пензија во Италија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.