227
Пензионер се заканувал со секира кон сограѓанин, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Вчера во 14.00 часот на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Полициската станица Гази Баба бил лишен од слобода Н.О.(71) од Скопје поради тоа што околу 12.00 часот во с.Сингелиќ-скопско по претходно недоразбирање упатувал закани со секира кон И.Р.(52) од с.Сингелиќ, информираат од МВР.
По целосното документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветен поднесок.