Пензионер удрил во полицаец на патарина

Возач удрил во полицаец на Миладиновци и побегнал, па бил уапсен на следната патарина

од Nikola Popovski
14 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Сител

На 11.01.2026 во 18:40 часот на наплатна станица Преод, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.П.(68) од Струмица, поради тоа што околу 17:50 часот на наплатна станица Миладиновци, откако полициски службеници го сопреле Б.П. кој управувал патничко возило „фиат браво“ со струмички регистарски ознаки и се обиделе да го легитимираат, тој го стартувал возилото и удрил полициски службеник, а потоа го напуштил местото на настанот.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.