324
Прилепските пензионери денеска излегоа на протест и ја блокираа клучката на излезот на Прилеп, пред автопатот Прилеп-Битола.
На протестот повторија дека не се откажуваат од своето барање за линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари, а преку Уставен суд ќе побараат промена на методологијата за пресметка на платите.
Пензионерите се револтирани дека сите се оглушуваат од нивните барања.
На протестот ги поканиле и прилепските пратеници, каде им се одзвал пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ, кој изјави дека Владата и институциите треба да пронајдат соодветно решение за проблемите, а со тоа да биде вклучена и опозицијата.